Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Денеска ја славиме Преподобната Анастасија

by bulevar_com_mk_4dm1n
2020-11-11
in Uncategorized

Преподобната маченичка Анастасија Римјанка

Родена е во Рим од благородни родители и остана сираче кога имаше три години. Како сираче ја одгледаа во еден женски манастир во близина на Рим, каде што игуманија беше некоја Софија, монахиња на висок степен на совршенство. По седумнаесет години Анастасија се прочу меѓу христијаните наоколу како голема подвижничка, а меѓу незнабожците како ретка убавица. Незнабожниот градоначалник Проб слушна за неа и испрати војници да ја доведат. Нејзината игуманија два часа ја советуваше како да ја држи верата, да им одолее на ласкавтите измами и да ги истрпи маките. Анастасија ? рече: „Готово е срцето мое да пострадам за Христа, готова е душата моја да умре за преслаткиот Исус“. Изведена пред кнезот, Анастасија јавно ја исповеда својата вера во Господ Исус Христос. А кога кнезот ја одвраќаше од верата најпрво со ласакња, а потоа со закани, Светата маченичка му рече: „Подготвена сум да умрам за Господа не еднаш, туку ако е можно и стопати.“ Кога ја разголеа за да ја исмеат, таа им викаше на слугите: „Бијте ме и сечете ме и растргнете ме и покријте го со рани моето тело и скријте го со крв мојот срам!“ Ја биеја, растргнуваа и ја сечеа. На двапати почувствува голема жед и побара вода. Ја напои еден христијанин Кирил, заради што маченичката го благослови, а незнабожците го убија. ? ги отсекоа градите и јазикот. ? се јавуваше Ангел Божји и ја крепеше. Најпосле ја убија со меч надвор од градот. Блажената игуманија Софија го најде нејзиното тело и чесно го погреба. Се овенча со маченички венец во времето на царот Декиј.

Тропар
Света девојко Анастасијо, ние кои те прославуваме, срцата кон Небесата ги подигнуваме, со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме, моли се за нас о, великомаченичке, удел да имаме во твоето воскресение, по твоите молитви, по твојата вера во Господа, радувај се, преподобна Анастасијо, света девственичке, прославена на небото од Ангелите.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Преподобен Аврамиј Затворник и неговата внука Марија

Од родителите беше присилен да се венча, но на денот на свадбата ја остави невестата и домот на родителите и се оддалечи во самотија на голем подвиг. Се подвизуваше педесет години. За сето тоа време само двапати излезе од својата келија. Првиот пат излезе на заповед од месниот епископ за да го обрати во верата некое незнабожечко село. Вториот пат излезе за да ја спаси својата заблудена внука Марија. Се упокои мирно во 360 година, во седумдесеттата година од неговиот живот на земјата.

Преподобниот маченик Тимотеј Есфигменски

Од тракиското село Кисани. Беше женет и имаше две ќерки. Жена му ја грабнаа Турците и ја потурчија. За да ја избави од харемот, привидно се потурчи. Кога ја избави, ја даде во женски манастир, а самиот отиде на Света Гора, прво во Лаврата, а потоа во Есфигмен. Посака да пострада маченички, како Агатангел Есфигменски и беше убиен во Едрене на 29 октомври 1820 година. Телото го фрлија во реката, а Старецот Херман му ја пренесе наметката во манастирот Есфигмен.

Previous Post

Пандев: „Да се обидеме сонот да ни стане реалност.… Да живее Македонија“

Next Post

Захариева:”Не може нашите вojници да се нарекуваат фaшиcтички okупатор”

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Захариева: „Да не сте ги допреле оние кои се чувствуваат како бугари во Македонија“

Захариева:"Не може нашите вojници да се нарекуваат фaшиcтички okупатор"

Recommended

Судијата кој пресуди две години затвор за прегазена девојка, сам си ги поправал оценките

8 months ago
ВМА Белград: Состојбата на пациентите од Македонија е сериозна

ВМА Белград: Состојбата на пациентите од Македонија е сериозна

9 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.