МВРФ извести дека лекар од гевгелиската болница вчера пријавил во полиција дека бил нападнат од возач на возило на итната помош.
„На 24.11.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија, Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички нападнат од А.К., возач во Итна медицинска помош Гевгелија“, информира министерството во полицискиот билтен.
Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.







