Убедливо најголем нето извозник меѓу македонските котирани компании е скопски „Алкалоид“. Од големите производствени компании во големото друштво на извозници се „Макстил“ и „Либерти“, „Вабтек“, најголемата македонска винарија “Тиквеш“, „најголемата прехранбено-кондиторска индустрија „Витаминка“, а од Прилеп на листата секако дека не може без Мермерниот комбинат. Од скопските компании чии акции се котирани на берзата тука се и „Усје“ и „Реплек“.
Наша постојана економска болка е трговскиот дефицит и веќе некако и научивме да живее со тоа. Но Македонија има и своја не толку голема, но одбрана група компании кои се економски патриоти во вистинска смисла на зборот. Затоа што со сите сили и ресурси помагаат да се крепи и одржува конвертибилноста односно вредноста на нашата државна валута – денарот.
А тука особено мислиме на компаниите кои произведуваат дома, користат сопствени ресурси, суровини и полупроизводи, ангажираат домашни стручњаци и наша работна сила на светот му продаваат македонски продукти за кои светот плаќа во конвертибилна валута.
Целиот текст на Фактор.мк






