Јавното комунално претпријатие „Шар“ од Тетово информира дека дотокот на вода од новиот водоснабдителен систем е прекинат и ќе следуваат рестрикции во водоснабдувањето. Причина е заматеноста на водата што се презема од Лешничка река.
– Поради неможноста да се пречисти водата во филтрите на филтрационата станица – Лисец, поради високата заматеност како резултат на последните врнежи, принудени сме да го прекинеме снабдувањето со вода за пиење од линијата Лешница. Екипата на претпријатието од раните утрински часови е на терен и прави сè за да се надмине оваа ситуација, информираат од ЈКП „Шар“.
Рестрикциите на вода се започнати од 13:40 часот и ќе бидат на неопределено време. Во Тетово, водоснабдувањето се врши само со планинските извори и градски бунари чиј капацитет не е доволен за оптимално водоснабдување.
Извор: 24мк






![Снимка од средбата на Макрон и Ердоган во Тирана стана вистински хит на интернет [ВИДЕО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-18-185833.png)
