Битола и Македонија имаат нов балкански шампион во бокс! На финалето од Балканското првенство во бокс, одржано во Лозница, Србија, нашиот Ален Рустемовски го совлада украинецот Денис Раздолски и го освои шампионскиот трофеј, носејќи гордост и радост на својот град.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја истакна важноста на овој успех, потенцирајќи ја посветеноста на Општина Битола за поддршка на спортот. Оваа година, општината финансиски го поддржа боксерскиот клуб „Пелистерски јунак“, каде што членува Рустемовски, што го прави успехот уште позначаен.
„Овој историски успех е доказ за посветената работа на Ален и неговиот тим. Продолжуваме со поддршката на спортот во Битола и веруваме дека овој триумф е само почеток на уште поголеми победи за нашите спортисти,“ изјави Коњановски.
Со гордост го честитаме овој успех на Ален Рустемовски, кој постави нови стандарди за спортските достигнувања на Битола.






