Во гостувањето во поткастот на Кристијан Ландов, ексначалникот Љубомир Ѓорчески, даде свое мислење за неколкуте обиди за убиство на Раде Штекли.
„Некаде во 2011 – 2012 година тој влегува во тие групации со Шевањ и маркинацијата негова е дека треба да биде ликвидиран. Тој најверојатно се има многу замерено со таа структура. Многу е тешко во тие кругови да преминете од една во друга конкуретна структура, а тоа го направи Штекли. Премина од Дуќанџик во Беланоца. Имаше објави во медиумите дека заминал во Дубаи да бара откуп кај Шевањ, но ете со фрлање на бомбата се покажа дека до прошка не е дојдено и дека Раде Штекли и натака е на списокот за ликвидирање и тој кога тогаш ќе биде ликвидиран. Локвидаторите ќе бидат доведени во ситуација да му пукаат во глава за да бидат сигурни дека еднаш засекогаш го постигнале ефектот“ рече тој.
https://www.instagram.com/reel/DCpSBrluB0J/?igsh=bnRoOG94MDQwbzY4







