Министерот за здравство Арбен Таравари, во интервјуто за Алсат ТВ вели дека не може да се каже дека албанскиот јазик е официјален во земјава, туку дека употребата на албанскиот е напредната.
„Официјално е кога се користи секаде и исто како и македонскиот јазик. За жал, албанскиот јазик е јазикот што го зборуваат само 20 отсто или повеќе од населението што живее во Република Македонија. Значи, не може да се каже дека албанскиот јазик е официјален јазик во Република Северна Македонија“,речеТаравари.
Тој додаде дека со Законот за употреба на албанскиот јазик се унапредува албанскиот јазик и додаде дека албанскиот не исчезнал од официјалната комуникација на некои министерства, туку дека проверката за тоа треба да им се препушти на надлежните институции.
„Дали очекувате ние како полиција да одиме и да интервенираме во министерствата?Институциите постојат, институциите мора да си ја работат својата работа. Верувам дека Агенцијата за имплементација на албанскиот јазик ќе се натера сама и во сите министерства и во сите институции каде што не се спроведува албанскиот јазик да ја добијат заслужената казна“, рече Таравари.







