Скопје накитено годинава?!
Се е затворено после 21:00ч., Венко апелира да не се искача ако се нема потреба, не е исклучена ни можноста за повторно воведување на полициски час, ама битно 200.000евра се планирани за китење на Скопје… Еве предлог. Израдувајте 1.000 семејства кои се најпогодени од кризава со по 200 евра подарок за нова година и направете прилог за тоа од некои си 15 минути… Насмевките на нивните лица ќе го стоплат срцето на секој од нас многу повеќе од накитеното Скопје… Или, да отидеме сите чекор подалеку… Мимо тоа, да се постави и број за донации, бидејќи има нешто посебно во подарувањето за време на новогодишните празници, па се што ќе се собере исто така да се расподели на многу повеќе од 1.000 семејства… Подобро од накитено Скопје нели?!
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






