Сите службени возила ќе бидат обележани со специјални регистарски таблички во боја за да се избегне нивната злоупотреба, најави директорт на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски.
„Одлучивме да воведеме специјални таблици во боја, а регистарот паралелно да го работиме во текот на годината. Правилникот го имаме донесено и сега се чека на потпис на министерот за внатрешни работи. Тие специјални таблици бројат околу 6 500 за сите возила на територија на цела Македонија“, изјави Томовски во телевизиско гостување.
Покрај ова, директорот на СОЗР најави дека ќе се воведат и телефонски линии на кои граѓаните ќе може да пријават злоупотреба на автомобилите, по кои потоа ќе се постапува.






