Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Сиљановска Давкова: Македонија има иднина само ако најдобрите дојдат на вистинските места

by
2024-11-19
in Uncategorized

„Ме боли егзодусот на најумните и најкомпетитивните, би сакала да се враќате дома од најпрестижните унивезрзитети.“

„Ме боли егзодусот на најумните и најкомпетитивните, би сакала да се враќате дома од најпрестижните унивезрзитети. Вие, студентите, сте промотори на критичката мисла, мост меѓу сегашноста и иднината. Без вашиот збор „зошто“ нема напредок, без вашето сомневање нема вистина, вие го движите општеството, рече вечерва претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на настанот по повод Меѓународниот ден на студентите.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Како што оцени претседателката, Македонија има иднина само ако најдобрите дојдат на вистинските места.

-Вие, студентите, сте строги и одважни критичари, трагачи по вистината, носители на прогресот. Вие сте интелетуални архитекти на новото, сократовци колку и вашите учители, размислувате и терате на размислување. Оваа држава треба да се бори за вас. Стојам зад вашите стремежи за знаење, борбата за правда и просперитетна иднина, потенцира Сиљановска Давкова.

Меѓународниот ден на студентите, напомена претседателката, е празник на храброста и силата, на младоста, на оние кои низ историјата не се плашеа да се спротивставуваат, да се борат за идеалите и да умираат за нив.

Слична порака упати и премиерот Христијан Мицкоски според кој, образованието не е само патека кон индивидуален успех, туку и катализатор за општествени промени, рамноправност и прогрес. 

-Вие сте оние што ќего водат нашето општество кон подобра иднина, вие сте тие што ќе направат разлика на факултетите, во заедниците, во целата држава. Вашите проблеми се наши приоритети. Владата е решена да ви даде силна поддршка да ви создаде услови во кои вашиот труд, талент и амбиција ќе можат да блеснат. Нашата визија за младите е едноставна, да создадеме систем што ќе ви даде можност да се развивате без ограничувања и бариери, подвлече Мицкоски.

Важно е, дополни, да се пренесе пораката дека образованието е најважната алатка преку која ќе се водат процесите во иднината.

-Колку тоа образование е посилно и помоќно, толку во помоќна и посилна држава ќе живееме, а целта на сите нас е да ја направиме државата силна, моќна, Македонија да биде онаква каква што мојата генерација сакаше да биде затоа што колку е таа посилна толку и мојот дом, вашиот дом е повеќе вреден. За бизнисмените и за оние студенти од Економскиот факултет кои утре ќе формираат сопствени бизниси и ќе бидат претприемачи, толку нивниот бизнис ќе биде повреден, колку што е државата послаба, опустошена, ограбена, осиромашена, толку и мојот дом е помалку вреден или би рекол безвреден, толку и нашите бизниси се помалку вредни би рекол безвредни, рече премиерот.

За него патриотизам се, нагласи, индивидуи со големо искуство, силно образование и многу знаење.

-Сите ние во одредени моменти во нашите животи сме имале можност или понекогаш од револт сме сакале да го спакуваме нашиот живот во еден куфер и да заминеме што подалеку од овде. Не било лесно и ние нашите професионални кариери сме ги започнувале можеби под очекувањата онакви какви што ни биле кога сме биле студенти. Можеби сме очекувале дека таа сурова реалност наречена живот ќе биде со нас помила и понежна и дека можеби ќе не’ погали од самиот почеток. Но, за жал реалноста не е таква. Реалноста е дека треба да се борите секој ден и дека животот е борба и таа борба можете да ја водите дома, таа е поинспиративна бидејќи се борите за сопствената татковина, но можете да бидете некаде таму далеку и да се борите за туѓи бели дворови и за туѓи татковини. Мојот совет до вас е – останете дома и заедно да се бориме, да се избориме за оние што доаѓаат по вас, заедно да се бориме за онаа Македонија каква што сакаме да ја видиме бидејќи само така можеме и ние да бидеме среќни и бидејќи само така можеме да успееме, рече Мицкоски.

Тој и во оваа прилика ја спомна потребата од поголем наталитет, апелирајќи дека мора сите да се бориме „а полна држава со млади луѓе, за многу деца во градинките, за многу деца во училиштата, за многу млади луѓе на универзитетите“.

-Тоа значи брачна заедница помеѓу сопруг маж и сопруга жена. Тоа значи дека само така можеме да бидеме држава и општество кое ќе се развива. Не бегајте од таа обврска која во суштина претставува се во вашите животи, зашто формирањето семејство, многудетно семејство значи патриотски чин, истакна Мицкоски.

Министерката за образование Весна Јаневска ги повика студентите да продолжат да вложуваат во себе и тука да ги остварат своите соништа. 

-Сите ние од државното раководство имаме идентична цел и сплотени заложби – да имате доволно можности за развој на личниот потенцијал, да ги остварите вашите амбиции во родното огниште и да придонесете во градењето силна и просперитетна Македонија. За жал, некој пред нас, ја исели државата. Цели градови и села, останаа празни. Револтот од негрижата на оние кои народот ги одбрал нешто да сработат, резултираше со речиси 17 илјади ученици и 7 илјади студенти помалку за период од 7 години. Ова ќе го запреме, нагласи министерката.

Таа се осврна на изминатите четири и пол месеци во кои, потсети, беа прифатени повеќе барања на студентските организации.

-Овозможивме да се прошират студентските права и можности. Овозможивме бруцоши да користат субвенциониран оброк од први октомври, што не беше така до лани. Направивме промена на конкурсните услови за повеќе категории на стипендии да може да конкурираат што повеќе млади. За стипендиите за втор циклус на студии во државата, овозможивме да аплицираат и студенти со завршени тригодишни додипломски студии, кои до лани беа дискриминирани на некој начин. Започнавме етапна реконструкција на студентските домови. Тоа е процес кој ќе потрае, но верувам дека ќе имате трпение. Ако има студенти од ФИНКИ и ФФК, да ги израдувам дека од следна година ќе продолжи изградбата на новите згради за нив, рече јаневска.

Најави и уште многу нови инвестиции, подобри услови за високо образование и повеќе права и можности со новите закони за високо образование и за студентски стандард.

-Од следната календарска година, поточно за месец и половина отсега, за дополнително да ви го олесниме студирањето, обезбедуваме поголем буџет за студентски стандард во однос на годинава – 30 милиони евра, за 18 отсто повеќе од 2024. Тоа е нашата честитка кон вас по повод Меѓународниот ден на студентите. Не празни зборови, туку конкретни дела, подвлече Јаневска.

Previous Post

Грција забрзано ќе го отплаќа долгот настанат во должничката криза, најавува Мицотакис

Next Post

Панчо од ДНК ја отфрли номинацијата за „Маж на годината“: „Јас живеам во Македонија, не во Северна“

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Панчо од ДНК ја отфрли номинацијата за „Маж на годината“: „Јас живеам во Македонија, не во Северна“

Recommended

Слушнавме извик „пожар, пожар“,тие што останаа без придружба починаа

Слушнавме извик „пожар, пожар“,тие што останаа без придружба починаа

4 years ago
„Јаc имам информација kога ќе cтигнат првите ваkцини ама kаkо да ја kажам, што ако не cтигнат?“

„Јаc имам информација kога ќе cтигнат првите ваkцини ама kаkо да ја kажам, што ако не cтигнат?“

5 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.