Грција планира да ја забрза отплатата на јавниот долг и во 2025 година да исплати најмалку пет милијарди евра од долгот настанат за време на должничката криза, најави денеска премиерот Киријакос Мицотакис.
Според АП, тој додал дека ова треба да биде најнов знак за економскиот пресврт на земјата.
„Ние сме фокусирани на фискалната дисциплина и ова е знак на довербата што ја имаме во однос на јавната потрошувачка“, рече Микотакис.
Иако Грција има највисок јавен долг кон БДП во целата еврозона, таа постигна значителен пресврт во децениската должничка криза кога земјата беше блиску до банкрот, додека грчката економија секоја година ја надминува еврозоната од пандемија и се очекува да продолжи да го прави тоа во 2025 година и 2026 година.
Во исто време, во грчкото општество се чувствува и значително незадоволство од зголемувањето на трошоците на животот, а повеќе синдикати најавија нов бран штрајкови и протести, кој ќе започне во среда.






