Премиерот Христијан Мицкоски беше пречекан со државни почести од неговиот колега Албин Курти.
По ракувањето и заедничката фотографија, ја започнаа заедничката меѓувладина седница на која двајцата премиери се обврзаа да достигнат над половина милијарда евра комерцијална размена меѓу двете земји.
Потоа министрите потпишаа протокол и два меморандуми.
Протоколот за граничните премини Блаце-Елез Хан и Глобочица-Јажинце, според моделот „One stop shop“, каде проверките ќе се вршат само на влезовите на двете држави за да се олесни слободното движење и да се зголеми размената на полициски информации за да се создаде меѓудржавна безбедност.
Премиерот на Косово Албин Курти изјави дека ќе се подобри патната инфраструктура што ги поврзува граѓаните на двете земји, со што ќе се зголеми трговската размена за 175%. Минатата година имаше комерцијална размена меѓу Косово и РСМ вредна 423 милиони евра. Главно извозот и увозот се однесуваат на лесната индустрија, храната и текстилот. Курти рече дека од косовска страна е започната изградбата на патот Призрен-Тетово, додека проектот за тунелот се очекува да биде завршен наскоро, но без да се прецизира датум.
-Што се однесува до тунелот, проектот се очекува да започне наскоро, договорите се одобрени, буџетот е одвоен и изградбата на патот е започната од косовска страна, додека проектот и дизајнот ќе ги работи македонска страна. Ние сме заинтересирани да се одиме што е можно побрзо и што е можно подобро, изјави премиерот на Косово, Албин Курти.






