66-годишен жител на гостиварско пукал во речиси двојно помлад човек поради наводен нерасчистен долг, соопшти полицијата.
„На 17.11.2024 во 13.45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С.(66) од с.Форино, гостиварско. Тој се сомничи дека претходно во с.Форино, по кратка расправија поради нерасчистен долг, со пиштол пукал кон Ј.Л.(35) од с.Чегране, гостиварско, кој бил пренесен во Медицински центар во Гостивар за укажување помош. Од него бил одземен пиштол „Бровинг“ 7,65 милиметри и рамка со четири куршуми“, велат од МВР.
По документирањето на случајот, против него ќе биде изготвена соодветна пријава.






