Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, успешно го реши проблемот на жителите од улицата „Народни херои“, кои имале несогласувања со ЕСМ Топлификација за ископувањето на теренот за приклучоци на топлинска мрежа.

Ѓорѓиевски ги повикал граѓаните кои протестирале преку мирен протест и им понудил решение на нивните барања. На разговор со градоначалникот бил присутен и директорот на ЕСМ Топлификација, Петар Милетиќ, кој ги слушнал забелешките на жителите.

„На лице место извршивме увид и ја најдовме најдобрата можност за брзо решавање на проблемот. Милетиќ ќе ја забрза динамиката на работата за побрзо да се направат приклучоците, а пристапот на жителите до своите домови ќе биде обезбеден без попречување“, изјави Ѓорѓиевски.
Градоначалникот истакна дека во следниот период ќе продолжат со постојана комуникација со граѓаните за да се избегнат слични ситуации. „Мојот народ е најважен и нема проблем кој не можеме да го решиме, доколку работиме заедно“, додаде Ѓорѓиевски.







