Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орге Ѓорѓиевски, заедно со домаќинот Висар Ганиу и колегите Александар Стојкоски, Дејан Митески, Валбон Лимани, Блерим Сејдиу и Јовица Илиевски, го одбележа Меѓународниот ден на толеранцијата со акција за засадување дрвја во општина Чаир.

„Овој ден е потсетник дека мирот и разбирањето треба да ги практикуваме секој ден. Засадувањето дрвја симболизира сплотеност и заедничка одговорност за подобро утре“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека оваа активност е доказ за силата на соработката меѓу различни култури и националности, покажувајќи дека заедничките напори можат да донесат позитивни промени.

Акцијата ја испрати пораката дека единството и соживотот се клучни за напредокот, а Македонија, како мозаик од различности, може да биде пример за мир и толеранција.






