Сите вакцини против сезонски грип стигнаа и вакцинацијата ќе започне од вторник, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
За време на викендот, посочи, ќе се направи дистрибуција, а веќе се подготвени пунктовите за вакцинација во Здравствениот дом и во центрите за јавно здравје. (МИА)
Пристигнати се сите вакцини за грип, а за време на викендот ќе се направи дистрибуција, информира министерот за здравство, Венко Филипче.
„Спремни се пунктовите во Здравствениот дом и во центрите за јавно здравје и вакцинацијата ќе почне од вторник“, рече министерот.
Филипче на денешната прес-конференција повторно апелира до граѓаните да се придржуваат кон мерките за заштита од Ковид-19. Тој нагласи дека вирусот е широкораспостранет и најмало невнимание или отстапка може да значи инфекција.






