Ситуацијата е сериозна, апелирам на почитување на мерките, да не се излегува од дома ако нема потреба, само до маркет, работа или училиште. Само солидарни можеме да се справиме со оваа криза, вели Филипче.
Инфективна и модуларната болница се исполнети до последен кревет а лекувањето на болен со потешка клиничка слика е околу 16 дена. Дебелината, според инфектолозите е најголем ризик фактор за смртноста кај пациентите.
-Изгубивме млади луѓе, од кои најголем број се со хронични болести. Се покажа дека сериозно висок ризик е дебелината. Ние сме таква нација, имаме вишок килограми, но луѓето кои се со поголем вишок се поризични. Сметам дека тоа не беше сериозно сфатено, изјави др. Милена Стевановиќ, директор на Клиника за Инфективни болести.






