Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со пратеникот во Собранието на Миле Цеков, денес го пуштија во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите на Ѓавато се врши дотур на вода во Дојранското Езеро.
„Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се залагаат да се изнајде решение за финансиските средства, за во блиска иднина да се реконструира целосно овој хидросистем“ изјави Меџити нагласувајќи дека за повторно функционирање на хидросистемот е потребна реконструкција на самиот цевковод и набавка на неколку нови потопни пумпи.
Пратеникот Миле Цеков изјави дека „претходната Влада и сегашната општинската власт скоро три години не нашле решение за овој проблем, а новата Влада го нашла решението за помалку од половина година“.
На бунарското подрачје Ѓавато моментално има технички исправни три потопни пумпи – пумпите 3, 7 и 8 кои се ставија во функција, а за останатите е потребна реконструкција.
Поради неработењето на хидросистемот во изминатиот период, нивото на водостојот на Дојранското Езеро е 76 сантиметри под дозволениот минимум и доколку би продолжил ваквиот тренд, водостојот може и дополнително да се намали, со оглед дека на сушниот период низ кој поминуваме.







