Денеска ќе биде сончево со умерена облачност која ќе се зголемува во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во опсег од -4 до 2 степени, додека максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе падне до -1 степен, а максималната ќе достигне до 20 степени.
УХМР најавува дека од утре ќе започне период на променливо облачно и релативно топло време, со повремени врнежи од дожд. Локално, врнежите ќе бидат поројни. Поголеми количини на дожд, над 20 литри на метар квадратен, се очекуваат особено во текот на следната седмица. Ветерот ќе биде умерен до засилен, а понекогаш силен, со брзини над 60 километри на час.






