Цените на становите во Скопје, како и во поголемите градови низ земјава, постојано растат. Граѓаните со проблем како да дојдат до решение на станбеното прашање!
Еден „твитерџија“ со предлог за евенуално решение:
– Крајно време е власта (односно самата држава) да изгради низ Македонија (пред се во Скопје, Битола, Штип…) најмалку 700 – 800 станови за млади лица и да ги продаде по реални цени. Така ќе се срушат сегашните пренадувани цени на становите. Така ќе се мисли на младината.







