Дечињата од ЈОУДГ „Мајски Цвет“ – Битола, заедно со своите родители, го посетија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, каде што ги подарија своите креативни изработки направени за настанот „Битола низ детските очи,“ организиран по повод 4-ти Ноември.
Овој настан беше инспирација за уште една успешна соработка меѓу децата, родителите и локалната заедница, при што најмладите со своите креации ја покажаа љубовта кон родниот град и својата желба да го видат во најубаво светло.






