Тони Коњанивски го најави проектот за изградба на автопат што ќе ги поврзува Битола и Прилеп, инфраструктурен проект што се очекува да заврши за три години. Овој автопат ќе овозможи брзо и безбедно патување помеѓу двата града, што е долгогодишно барање на жителите на Битола и околината.

„Поврзувањето на Битола со автопат е барањето на моите сограѓани кое го реализира Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски,“ истакна Коњанивски, додавајќи дека оваа инвестиција ќе го олесни транспортот и ќе го поттикне економскиот раст во регионот.
Со овој проект, се очекува не само подобрување на инфраструктурата, туку и зголемување на економската и туристичката активност, што ќе придонесе за развој на југозападниот дел на земјата.







