Инцидент се случувал вчеравечер во скопски Аеродром.
– На 04.11.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во казино на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.П.(70) и Ф.С.(62), двајцата од Скопје. Според пријавеното, претходно Ф.С. го нападнал синот на З.П., информираа за случајот од полицијата.
По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.






