Денес во општина Јегуновце свечено беше отворена новата подрачна канцеларија на Јавното претпријатие Национални шуми. На отворањето присуствуваа градоначалникот на Јегуновце, Димитар Костадиновски, и директорот на ЈП Национални шуми, Здравко Трајанов.
Со отворањето на оваа канцеларија, жителите од Јегуновце, како и од околните села и месни заедници, ќе имаат побрз и полесен пристап до документи и услуги што се во надлежност на ЈП Национални шуми.
„Само со доближување на услугите наменети за граѓаните, вистински ќе се унапреди квалитетот на животот и работењето на секој еден граѓанин,“ истакна градоначалникот Костадиновски, нагласувајќи ја важноста на овој чекор за локалната заедница.






