Министерот за здравство, Венко Филипче, во денешното гостување на Тв 24 зборувајќи за моменталната состојба со коронавирусот изјави дека не се исклучува можноста за карантин. Според него, младите не ги почитуваат превентивните мерки и продолжуваат со комуникацијата и тие се голем преносител на вирусот. Тој додаде дека очекува следниот период да се видат резултатите од полицискиот час.
Министерот Филипче додаде дека многу е важно во делот на вакцинирањето како стратегија да се обрне внимание на приоритетната група.
„Тоа се здравствените работници и ќе бидеме една од ретките земји во регионот и Европа каде сите здравствените работници кои работат со ковид се имунизирани“, вели министерот.
Тој додаде дека дел од здравствените работници не се појавиле на закажаните термини за имунизација.
„Интересот е 80 отсто кај здравствените работници. 20 отсто не се јавуваат од закажаните на вакцинација“, рече Филипче.






