Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Весник“ „Илинден“: Гласањето на „дури“ 174 лица во Албанија за бугарските избори ја покажа вистината за измислените Бугари во Албанија!

by
2024-10-31
in Uncategorized

„Во Албанија за гласање на изборите од 27 октомври 2024 година се пријавиле ‘дури’ дури 174 лица. Каде исчезнаа Бугарите во Албанија? Дали не можеа ниту со ‘инженеринг’  да се вметнат повеќе ‘Бугари’-гласачи од Албанија за бугарското Народното собрание?“ – нагласува весникот „Илинден“ на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Албанија, во својот редакциски коментар со наслов „Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија“, објавен во својот најнов број.

Весникот „Илинден“ пишува: Раководството и членството на Македонското друштво „Илинден“-Тирана во 2017 година реагираа жестоко кога во Република Албанија во Законот за малцинства беа запишани непостојни Бугари како малцинство. Таквиот чин беше реакција на силниот притисок, кој го трпеше Република Албанија од европската членка Република Бугарија, со уцени за вето на нејзиниот европски пат. На уцените потклекнаа албанските власти, при што го направија најсрамниот чин во постоењето на албанската држава од 1912 година до денес.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Уште пожестока беше реакцијата кога со инженеринг беа „избројани“ 7957 Бугари во Република Албанија на последниот попис на населението. Таквата измама можеше да се направи само со аминување од албанските власти, а повторно под уцени од бугарските европејци. Но, во океан од лаги, измами и притисоци, вистината испливува. Овој пат на повторните, седми избори за Народното собрание во Бугарија. 

Како и за другите досегашни избори во Бугарија имаа право да се пријават за остварување на своето право на глас и Бугарите надвор од Бугарија. При тоа, во Албанија за гласање на изборите од 27. 10. 2024 година се пријавиле сe на сe „дури“ 174 лица.

Листата на гласачи, според информациитеод Централната изборна комисија во Бугарија изгледа вака: Елбасан – 69; Корча – 48; Кукс – 52) и Тирана (бугарска амбасада) – 5. Дополнително, надвор од протоколите за гласање, во записниците стои дека гласале дополнителни 245 лица, со што вкупно гласале 329 лица.

Ова јасно покажува дека и при ова гласање во записниците се среќаваат дополнителни гласови, кои навреме не биле пријавени. Во Тирана, каде има најголема концентрација на население, навремено за гласање се пријавиле само 5 членови на бугарската Амбасада.

Каде исчезнаа Бугарите во Албанија? Дали не можеа ниту со ‘инженеринг’  да се вметнат повеќе ‘Бугари’-гласачи од Албанија за бугарското Народното собрание?

Previous Post

Работат четири дена во недела, платите останаа исти – Исланд бележи раст на економијата, работниците среќни и со унапредена благосостојба

Next Post

Кривична пријава за екс министерката за култура Бисера Костадиновска

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Кривична пријава за екс министерката за култура Бисера Костадиновска

Recommended

najnova vest

Филмска бркотница во Скопје: Ренџ Ровер заврши во ендек, се слушаа пукотници

2 months ago
Д-р Ефкоски удри по антиваксерите: Ние будали сме, сакаме да ве убиеме? Што сме ние, платеници?

Д-р Ефкоски удри по антиваксерите: Ние будали сме, сакаме да ве убиеме? Што сме ние, платеници?

4 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.