Вечерва низ Скопје се случи вистинска филмска бркотница која заврши на патот кон Идризово, кога полициските службеници успеаја да го сопрат возилото ренџ ровер, кое претходно избегало од повеќе обиди за запирање.
Според првичните и неофицијални информации, за време на бркотницата се слушнале истрели, но засега не е познато кој употребил огнено оружје. На видеоснимки кои кружат на социјалните мрежи се гледа блокиран стариот пат кон Велес, каде што полициски екипи се распоредени на терен, а возилото завршило во ендек покрај патот.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека станува збор за тековни активности на полицијата за обезбедување на лица кои го прекршиле законот и најавуваат дополнителни детали за случајот утре.







