Во пресрет на 29. климатски самит на Обединетите нации (COP29) кој ќе се одржи во Баку, Азербејџан, македонската делегација, предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова, ги претстави целите и очекувањата на земјата од претстојниот настан. Сања Божиновска, дел од македонскиот тим, нагласи дека Северна Македонија е целосно посветена на својата амбициозна агенда за забрзана зелена транзиција и одржлив економски раст.

Македонија има зацртан план за постепено затворање на електраните на јаглен и значително зголемување на капацитетите од обновливи извори. Досега земјата достигна 700MW од соларни и хидро капацитети. За целосно реализирање на зелената транзиција до 2030 година, потребни ќе бидат инвестиции од околу 3 милијарди евра, вклучувајќи поддршка од приватниот сектор и меѓународни партнери.







