Дали ќе се продолжи мораториумот на нападите врз енергетските постројки во Украина и Русија ќе зависи од одлуката на претседателот Владимир Путин и од евентуални разговори со САД, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Тоа ќе зависи од претседателот Путин,“ одговори Песков на прашањето дали договорот, што беше постигнат со посредство на САД, ќе биде продолжен по истекот на 16 април – 30 дена од кога беше објавен мораториумот на 18 март.
Според Песков, Украина „во суштина не го почитува мораториумот“, што, како што рече, ќе биде земено предвид во анализата на изминатиот период.
„Ќе треба да се разгледаат сите случувања во овие 30 дена, веројатно и да се разменат информации и ставови со американската страна. Потоа, врховниот командант ќе ја донесе конечната одлука,“ заклучи Песков.







