Вчера во 09.55 часот во Тетово на градскиот плоштад, полицијата уапси три жени од село Пирок, тетовски. Се работи за Х.Џ.(34), М.Џ.(33) и Ѓ.К.(41) кои биле пријавени од страна на М.Ф.(54) и З.Ф.(70) од с. Мала Речица дека околу 9 часот наутро додека биле во нивниот угостителски објект агресивно се однесувале кон нив и физички ги нападнале, користејќи и тврд предмет, а го оштетиле и инвентарот на угостителскиот објект.
Трите жени биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.







