Македонската асоцијација на новинари (МАН) соопшти дека информациите од АНБ за прислушкувањата на политичари, новинари, обвинители, бизнисмени и други јавни личности за време на власта на СДСМ и ДУИ не се изненадување, туку потврда на она што досега го знаеле.
Според МАН, властите кои добиле позиции преку објавување прислушкувани разговори ги злоупотребувале овие информации за политички цели, додека дел од медиумите и интернет ботовите под контрола на СДСМ и ДУИ ги објавувале телефонските разговори во спротивност со законот.
„Оттука натаму, сите правила, етички норми и закони во врска со прислушкувањето станаа прифатливи за СДСМ, ДУИ, нивните медиуми и симпатизери“, наведуваат од МАН.
Димитар Николоски додаде дека сега е време сторителите да одговараат, потенцирајќи дека АНБ и другите полициски структури за време на владеењето на СДСМ и ДУИ прислушувале и следеле, а дел од доказите биле уништени пред промена на власта.
МАН предупредува дека и по пет години нема извештаи или разрешница за прислушкувањето на интерните телефони во обвинителството и разговорите на обвинители и судии, кои, според нив, биле користени за уцени и политички цели.
„Не сме изненадени од првичните информации на АНБ, но ќе бидеме изненадени ако обвинителството и судот покажат обвиненија и пресуди за сторителите“, стои во соопштението на МАН.






