Министерот за правда, Игор Филков, оствари средба со неговиот унгарски колега, Бенце Тузсон, во Будва, каде што нагласи дека односите помеѓу Северна Македонија и Унгарија се пријателски и дека Унгарија игра значајна улога во поддршката на земјата за пристапување во Европската унија.
На покана од министерот Тузсон, министерот Филков ќе учествува на меѓународната конференција „Правна конкурентност – инструменти на правото за поконкурентна Европа“, која ќе се одржи во Будимпешта на 11 и 12 ноември.







