Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ПРЕКУ РАСТОТ НА КРЕДИТИТЕ И ДЕПОЗИТИТЕ – ДОБИВКА ОД НАД 44 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НЛБ БАНКА

by
2024-10-28
in Uncategorized

Раст на кредитите и депозитите, зголемена нето добивка и силен придонес во заедницата се остварувањата на НЛБ банка по одработените девет месеци од годинава. Стабилното и безбедно делување резултира со профит од близу 44,2 милиони евра. За 11,6 проценти повеќе од минатогодишната добивка забележана по истекот на третото тримесечје.

За ова постигнување значајна е и довербата од клиентите, изразена со растот од 8,1 насто кај депозитите и со 6,9 проценти кај кредитите.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Во споредба со нивото од крајот на 2023, вкупните депозити во НЛБ банка се зголемени за 2,5 проценти. На последниот ден од септември нивниот износ е 95.162.259.000 денари или 1,54 милијарди евра. Тоа значи дека на НЛБ и се доверени 17,05 отсто од вкупните депозити во банките, кои според податоците на НБРСМ, во деветиот месец од годинава изнесуваат 9,03 милијарди евра.

Побарувачката од страна на граѓаните за кредити – станбени, потрошувачки и автомобилски го зголемила кредитирањето за шест проценти. Па, вкупните кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 77.217.292.000 денари, односно 1,25 милијарди евра. Бележат зголемување од 4,2 насто.

Оттаму, во својот биланс на успех НЛБ банка регистрирала и раст на каматните приходи од 20,1 процент. А, само приливите од пресметаните и наплатени камати се повисоки за 21 процент, што според образложението, меѓу другото се должи на приходите од камата кај станбените и потрошувачките кредити на домаќинствата. Расходите, пак, за камати се зголемени за 29 проценти.

Од наплатените провизии за дадените банкарски услуги нето-приходот е 3.481.718.000 денари (56,6 милиони евра). Што е за 15,3 насто повеќе споредено со претходната година. Наспроти тоа, трошоците по оваа основа се намалени за 12,6 отсто.

Од деветмесечното работење Банката на приходната страна инкасирала вкупно 5.038.748.000 денари (81,9 милиони евра), сума која е за 13,8 насто повисока од ланската. За 10,4 проценти се поголеми и оперативните трошоци, кои изнесуваат 33,7 милиони евра.

„Позитивните деловни перформанси на Банката се должат на континуираните продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, зголемен број на корисници на платните сервиси, како и позитивните трендови на финансиските пазари. Воедно, успешното работење на Банката е и резултат на внимателно управување со ризиците, оперативната ефикасност, како и постојаната посветеност за подобрување на корисничкото искуство и искористување на можностите за понатамошен раст“, велат од НЛБ банка.

Воедно, посочуваат дека во трите тримесечја реализирале и поддржале низа општествено одговорни проекти и активности од областа на спортот, културата и традицијата, образованието и финансиската едукација, помош при катастрофи и поддршка на ранливи и маргинализирани групи.

„Во споменатиот период започна втората сезона на проектот за развој на младински спорт ‘Растеме во шампиони’, а Банката и годинава застана зад годишната програма на ‘Специјалната Олимпијада’, но и зад многу професионални спортски клубови и федерации. Традиционално, НЛБ банка ги поддржа Галичка свадба, Охридско лето, Скопскиот џез фестивал и низа други проекти значајни за заедницата“, наведуваат од Банката.

Тој курс ќе биде задржан и во понатамошното работење – НЛБ банка ќе ги поддржува потребите и активностите на граѓаните и на бизнисот. Во фокусот и натаму се дигитализацијата, унапредувањето на клиентското искуство, проширување на портфолиото на производи и услуги со посебен акцент на „зелените“ продукти, како и општествено одговорните проекти.

Previous Post

Борисов прогласи победа на изборите во Бугарија, за влада ќе мора да коалицира

Next Post

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите

Recommended

Хорор во Германија: Пронајдени 4 мртви тела во куќа, имале траги на насилство

Хорор во Германија: Пронајдени 4 мртви тела во куќа, имале траги на насилство

4 years ago
(Видео) За првпат новинарите останаа пред црквата Св. Спас и гледаа на телевизија што се случува на чествувањето

(Видео) За првпат новинарите останаа пред црквата Св. Спас и гледаа на телевизија што се случува на чествувањето

3 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.