Четири лица се пронајдени мртви во куќа во Кемниц во сојузната покраина Саксонија во Германија, јавува агенцијата „Анадолија“.
Според информациите, телата на четири лица се пронајдени мртви во куќа во градот Мителбах, од кои две се жени на возраст помеѓу 32 и 72 години. Првите сознанија на полицијата говорат дека четирите лица починале како последица на насилство.







