Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ѓорѓиевски: Се прави вештачко креирање на проблеми со најавите за излегување на Струмица и Карпош од ЗЕЛС

by
2024-10-27
in Uncategorized

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски смета дека се прави вештачко креирање на проблеми и дека има политика во најавите на градоначалниците на Струмица и Карпош за излегување од ЗЕЛС.

Во синоќешното гостување во дневникот на МТВ, Ѓорѓиевски посочи дека струмичкиот градоначалник одбива комуникација и подадена рака од другите колеги, ставајќи ги во заложништво своите граѓани заради свои политички цели.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

– Иако досега избегнував да го коментирам, морам да го истакнам несериозниот однос и пристап кон ЗЕЛС, на колегата од Струмица, Костадинов. Практично, не паметам седница на која се појавил, секогаш праќал замена. Во моментите кога се појави кризниот период, не само јас, туку и повеќе мои колеги и соработници од ЗЕЛС, пробавме да го исконтактираме, да продискутираме со него дали има простор да му помогнеме, да се вклучиме во надминување на кризата со водоводот. Обидите за соработка кој тој тврди дека ги имал, се двосмерна улица и морам да ја информирам јавноста дека сум наишол од него на затворена врата. И тоа не само јас, туку и други соработници, дури и од неговата политичка партија, изјави Ѓорѓиевски.

Според претседателот на ЗЕЛС, има средства за сите општини коишто ги исполниле критериумите за добивање на средства за инфраструктурни проекти, а дополнителниот рок е за комплетирање на документацијата.

– Веќе имаме продолжен рок за да можат се надминат техничките проблеми. Морам да истакнам дека со колегата Костадинов од Струмица не можев да стапам во контакт и за ова да разговараме, затоа што знаејќи ги критериумите, не знам од кои причини, аплицирал со проект за кој веќе е започната работа, односно започната е јавната постапка. Не разбирам која е причината што при јасно утврдени критериуми, колегата Костадинов свесно аплицирал со проект за кој веќе завршил тендерска постапка и за кој веќе има ставено камен темелник и веќе се работи проектот… Што се однесува до останатите, колегата Нухи од Теарце, неговите служби можеби задоцниле со апликацијата, нам во Кисела Вода, на колегата Дарко од Бутел и колегата од Сарај ни недостасува документ за одобрение за градба и тоа се разбирливи работи. Има простор, ќе се надминат овие технички проблеми. Целта на премиерот, но и она што го барав јас од него, беше да се остави простор за дополнување на техничката документација, зошто сите општини треба да добијат пари, тоа е нашата заложба, рече Ѓорѓиевски.

Previous Post

Несреќа во скопско, Докторите не успеале да го спасат повредениот

Next Post

Загриженост во Бугарија: Лидерите повикуваат на одзива на изборите

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Загриженост во Бугарија: Лидерите повикуваат на одзива на изборите

Recommended

Германија ќе распоредува трупи во Украина?

4 months ago
Проф. Светозаревиќ ИМ ОДРЖА ЛЕКЦИЈА ПО МАКЕДОНСКИ и ИСТОРИЈА на бугарски новинари во Албанија

Проф. Светозаревиќ ИМ ОДРЖА ЛЕКЦИЈА ПО МАКЕДОНСКИ и ИСТОРИЈА на бугарски новинари во Албанија

3 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.