Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ѓорѓиевски: Кисела Вода доби најголем парк на шахот во Македонија

by
2024-10-25
in Uncategorized

„Со големо задоволство го отвораме новиот модерен „Парк на шахот“ во населбата 11 Октомври Бараки, кој зафаќа површина од 4000 м². На местото каде што претходно се наоѓаше дива депонија, сега жителите на нашата општина добија прекрасно уредено катче, со современа урбана опрема, хортикултурно уредување и шаховски маси, каде љубителите на шахот ќе можат да уживаат во оваа интелектуална игра.

Во центарот на паркот се поставени статуетки на кралот и кралицата – симболи на значењето на шахот како игра која поттикнува умствен развој и стратегиско размислување. Особена благодарност упатувам до Шаховската федерација на Македонија и нејзиниот претседател, Саша Богдановиќ, за поддршката во овој проект.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Ова партнерство покажува како заедно можеме да создадеме нешто вредно и трајно за нашите граѓани. Шахот, како игра на стратегија и размислување, носи многубројни придобивки – го зголемува фокусот, ги развива когнитивните способности и ги поттикнува аналитичките вештини. Сигурен сум дека овој парк ќе биде место за дружење и рекреација за сите генерации, особено за шахистите и љубителите на шахот.

Претворањето на оваа поранешна депонија во зелен парк е не само голем естетски придонес туку и важен еколошки потег, што значително ќе го подобри квалитетот на животната средина во нашата општина. Ова е уште еден пример за трансформација на некогаш запоставени места во простори за релаксација и забава. Сакам да најавам дека ваквите проекти ќе продолжат и во иднина.

Апелирам до сите жители совесно да се однесуваат кон новата урбана опрема и зеленилото, бидејќи само заеднички можеме да го зачуваме овој нов парк во општина Кисела Вода, создаден за дружење и релаксација. Мојот народ заслужува!“

Previous Post

Трагедија на локален пат – Загина жена откако во неа удрило возило

Next Post

Министерот Филков не може да помилува затвореници, но смета дека е време за освежување на Комисијата за помилување

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Министерот Филков не може да помилува затвореници, но смета дека е време за освежување на Комисијата за помилување

Recommended

Коњановски: Траен сообраќаен режим за поголема безбедност на „Булеварот 1 Мај“

6 months ago

Скандал во Србија: Шпионажа и шверц на воена тајна технологија за Кина!

6 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.