Денеска, министерот за правда, Игор Филков, имаше продуктивна средба со амбасадорот на Република Албанија, Деонин Мејдани, во рамките на која се разговараше за соработката помеѓу двете држави. Фокусот на разговорот беше на прекуграничната соработка во кривичната материја.

Министерот Филков изрази уверување дека не постојат отворени прашања помеѓу Северна Македонија и Албанија и ја оцени соработката како задоволителна. Тој истакна важноста на продлабочувањето на меѓусебната соработка во сите области, особено во правниот систем.
Од своја страна, амбасадорот Мејдани нагласи дека пријателските односи помеѓу Република Албанија и Република Северна Македонија траат веќе три децении. Тој изрази надеж за натамошно продлабочување на овие односи во периодот што следува, со акцент на зајакнување на соработката во областа на правото и безбедноста.
Средбата беше заклучена со заеднички став дека подобрувањето на односите и соработката помеѓу двете држави е од клучно значење за стабилноста и развојот на регионот.






