Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски упати искрени честитки по повод Денот на македонската револуционерна борба. Тој изрази желба овој голем и величествен ден да биде честит и вековит за Македонија и Македонците.
„ВМРО е темелот на татковината, ВМРО е непокор и пркос. Сѐ додека постои ВМРО, ќе постои и Македонија! Неговата крајна цел секогаш била и останала слобода и самостојна македонска држава. Идеалите на ВМРО служат како водилка и вечен мотив за остварување на нашата цел“, напиша Ѓорѓиевски.
Тој нагласи дека на сегашните генерации останува задачата да го следат и продолжат патот и аманетот на јунаците, додавајќи: „Нека е светол пламенот на нивните идеали!“
„За многу години, 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! Да е вечна Република Македонија!“ – заврши Орце Ѓорѓиевски со порака за единство и продолжување на борбата за слобода и независност.








