Во Србија работат 20 банки, но структурата на банкарскиот пазар укажува дека консолидацијата ќе продолжи и бројот може да се преполови, објави Форбс Србија. Сега доминантни банки се Интеза, ОТП, Рајфајзен, Уникредит, НЛБ, Поштенска штидилница, АИК, Ерсте и Еуробанка. Директорот на Дирекцијата за преземања и интеграции во ОТП банка, Габор Колиќ, за Форбс Србија изјави дека пазарот треба да се консолидира, пренесува Каматица.
„Србија од една страна има многу среќа бидејќи има многу банки со пристоен пазарен удел. Од академска гледна точка, таа би можела да се оцени како пазар со многу висока конкуренција бидејќи има од осум до 10 главни играчи, што не е случај со другите пазари каде што има помалку доминантни учесници, а некои држат дури половина од пазарот“, изјави Колиќ за Форбс.
Тој изјави дека ниту најголемите банки во Србија немаат пазарен удел од 20 отсто, ниту ОТП банка и дека „ќе преживеат осум до 10 банки“. Колиќ рече дека другите 10 банки „можеби ќе треба да бараат шанса на некој тесен, специјализиран пазар и или ќе бидат купени или ќе престанат да постојат“.
„Тие банки или ќе одржуваат ниска профитабилност или ќе бидат во загуби. Тоа е моето чувство за српскиот пазар. Така е и на некои други пазари во Централна и Источна Европа“, истакна Колиќ.






![Стефковски: Пожарот кај Смилковско Езеро е подметнат, еве ги доказите [ФОТО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/07/517415392_756321043446480_4409629314223811247_n.jpg)
