Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

3,8 милиони евра од Владата за општина Тетово ова се проектите

by
2024-10-19
in Uncategorized

Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами одржа прес-конференција на која информираше за кои проекти ќе се користат средствата кои Владата во висина од 500 милиони евра ги позајми од Унгарија и ги дели на локалните самоуправи. Касами рече дека согласно индикаторот глава на жител на Општина Тетово и се предвидени 3,8 милиони евра.

-Истите се предвидени за изградба на два проекти во подобрување на снабдувањето со вода односно изградба на нов цевковод од Попова Шапка до резервоарот над Тетово и вториот проект е за мрежа за снабдување со вода во населбата Вонвардарска.  Третиот проект е за изградба на нов училиштен објект за средното текстилно училиште, информираше Касами.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Според објаснувањето на Касами, најголем приоритет бил објект за училиштето, за што се потребни пет милиони евра. Во договор со Владата е одлучено сега да се издвојат 2,5 милиони евра, а остатокот од средства предвидени за наредна година.

За поставување на нов цевковод што ја носи водата од планинските извори близу Попова Шапка до Тетово било одлучено поради загубата на количините вода и дотраеноста на тој систем утврдени во студија.  

-Тој цевковод е стар, од кога постои системот за водоснбдувањето и во студијата за водоснабдувањето имавме заклучок дека треба да има нов цевковод до резервоарот. Има заклучок дека треба да се инвестира и во резервоарот и во системот на хлорирање, во делот на подобрување на дистрибутивната мрежа и водомери. Вонвардарска е нова населба, редовно има проблеми не е доволен тој систем што постои, затоа се прави нова мрежа, истакна Касами.

Според градоначалникот со Програмата за развој на Обединетите Нации-УНДП ќе се работи на проект кај новиот водоснабдителен систем од Лешница поради потреба да се уреди свлечиште на земја.

-Распределени се и две дозволи за градба, за реконструкција на стадионот и за улицата „Борис Кидрич“, информираше Касами за дополнителните активности.

На новинарско прашање што ќе се прави со стариот градски стадион, Касами рече дека можна е продажба на земјиштето со цел да се прават згради, а средствата да се користат за обнова на поголемиот стадион.

-Во таков случај ќе има терен со природна трева на Спортскиот центар. Но ако успееме да обезбедиме средства дали од Владата дали од други извори тогаш ќе видиме за која намена ќе го користиме тој дел, рече Касами.

Тетовскиот градоначалник додаде дека со сопствени средства Општината интервенирала во нов цевковод преку реката Пена со цел подобрување на водоснабдувањето за населбите од повисоките населби како Колтук и Два бреста. 

Previous Post

Тетово преполнето со нови кучиња скитници

Next Post

АХВ ја откри причината поради која е затворена скопската Зоолошка градина

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

АХВ ја откри причината поради која е затворена скопската Зоолошка градина

Recommended

Возбудувања кај Лила во „Се или нешто“: 11 години не се случило ова (Фото)

Возбудувања кај Лила во „Се или нешто“: 11 години не се случило ова (Фото)

3 years ago

Косово во шок: Крвна пресметка среде улица – напаѓач со два калашникова изрешета џип

2 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.