Министерот за правда, Игор Филков, денеска одржа средба со директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ), Симонида Кацарска, и Ангела Делевска. На средбата се разговараше за заедничката соработка, со посебен фокус на Поглавјето 23 – правосудство и темелни права, како и идните планови за работа и можностите за понатамошна соработка.
Посебно внимание беше посветено на Извештајот во сенка за Поглавјето 23, како и на кварталните мониторинг извештаи за Кластер 1 – Темели, што ќе бидат од голема важност за мониторингот на реформите во правосудниот сектор.






