Министерот за правда Игор Филков денес оствари работна средба со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Разговараа за планираните реформи во правосудството и владеењето на правото, при што беше истакнато дека ОБСЕ финансиски ќе го поддржи преводот на Предлог законот за кривична постапка.
Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи да биде активно вклучена во подготовката на Развојната секторска стратегија 2024-2028 и законските измени. Соработката и дијалогот ќе се интензивираат за да се реализираат клучните реформи во правосудството.







