„Дали некогаш сте се запрашале зошто текстот на македонската химна е испеан во сегашно, наместо во минато времее: Зошто по АСНОМ ние не пееме дека денес над Македонија веќе се родило новото сонце на слободата? Дека Македонците веќе се избориле за правдини? Зошто? И по 8 септември 1991 година македонската химна се уште е во сегашно, а не во минато време“, рече претседателката во Музејот на македонската борба каде денеска се чеествуваше прославата по повод 11 Октомври
Не смееме да дозволиме историски ревизионизам и релативизирање на народно ослободителната и антифашистичката борба, зашто со тоа би се поткопале илинденските и антифашистичките темели, врз кои е изградена македонската држава. Ова денеска го порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Музејот на македонската борба каде се одбележува 11 Октомври – Денот на народното ослободување на македонскиот народ.
На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министри, пратеници и претставници на црквата и верските заедници, како и дипломатскиот кор.
На 11 Октомври е денот кога македонскиот народ, според неа, без колебање ја има избрано вистинската страна во најголемата војна во историјата на човештвото и затоа не е случајно што македонската држава за која копнееја Илинденците и за која се изборија антифашистите трае веќе 80 години.
Затоа и македонската химна, вели Сиљановска-Давкова, ја симболизира незапирливата борба за правдата и го опева континуитетот со Илинден, навестувајќи ја слободата на Македонија.
Секоја генерација се соочува со нови предизвици, па така и нашата, според претседателката, треба да даде своја жртва за слободата и за правдатата, а најголема жртва, како што рече треба да дадат политичарите избрани од македонските граѓани, кои со својот личен пример ќе покажат дека се борат за националните и државните интереси.







