Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Јавниот сектор врие од непрофесионализам – НЕ Е САМО ДО ПРЕВРАБОТЕНОСТА, ТУКУ ДО СТРУЧНОСТА

by
2024-10-10
in Uncategorized
Јавниот сектор врие од непрофесионализам – НЕ Е САМО ДО ПРЕВРАБОТЕНОСТА, ТУКУ ДО СТРУЧНОСТА

Превработеноста не е главниот проблем во јавниот сектор, иако морам да кажам дека е на високо ниво. Клучниот проблем е недоволната компетентност, недоволната стручност, непрофесионализмот и незнаењето поради кое не може да се даваат квалитетни услуги на граѓаните.

Потребна е внатрешна преедукација во секоја јавна институција, односно обука на јавните службеници. Во овој момент не би можел да кажам дали ова би имало финансиски импликации, посочи на денешната прес-конференција министерот за јавна администрација Горан Минчев.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Тој на новинарско прашање како ќе се реши проблемот се превработеноста во јавниот сектор, рече дека Министерството за јавна администрација има извештај кој го дава пресекот на вработени од 2016 до 2023 година.

– Во 2016 година ние имавме околу 1.290 институции, а околу 129 илјади вработени во јавниот сектор. Седум години подоцна имаме 80 нови јавни институции, а илјада вработени помалку, што значи бројката во овие седум години е избалансирана. Клучниот проблем во јавниот сектор и во јавната администрација е недоволната компетентност, недоволната стручност. Ова е резултат на партиски вработувања 30 години наназад, на непотизмот, на етничките вработувања во смисла на злоупотреба на балансерот. Тоа сакаме да го смениме – рече Минчев.

Затоа, потенцираше дека водат транспарентен и слободен демократски процес, нов начин на комуникација во Владата и во Министерството за јавна администрација.

– Сакаме да ги слушнеме сите. Ако ме прашате лично каков став имам за јавната администрација, јас сум за професионална, добро средена, намалена по бројка јавна администрација која ќе пружа сериозно услуги на граѓаните – рече Минчев.

Тој појасни дека вработените кои се некомпетенти ќе останат на работа, но мора да се случи паралелен процес во рамки на самите институции. Тој смета дека секој вработен кој во моментот извршува работна задача, а не ја извршува соодветно, согласно неговото образование треба да каже сам кој е неговиот афинитет, во кој сектор се гледа и каков може да биде неговиот придонес.

– Можам да говорам за Министерството за јавна администрација, каде има околу 60 вработени. Моето мислење за овие сто дена е дека генерално во самите сектори може да располагаме со околу 50 отсто од капацитетот на вработените. Секој вработен кој во моментот извршува работна задача, а не ја извршува соодветно, согласно неговото образование да каже сам кој е неговиот афинитет, во кој сектор се гледа и каков може да биде неговиот придонес – рече Минчев.

Тој додаде дека не може да каже дали ова би имало финансиски импликации за државата, затоа што во Министерството за јавна администрација постои сектор за обука и едукација, кој би требало да се трансформира со создавањето на Академијата за стручно усовршување на административните службеници.

Previous Post

Инцидент со апсење во близина на границата со Грција

Next Post

Германија на нозе: Човек 5 години не одел на работа и земал плата од 600.000 евра, не е виновен

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Германија на нозе: Човек 5 години не одел на работа и земал плата од 600.000 евра, не е виновен

Германија на нозе: Човек 5 години не одел на работа и земал плата од 600.000 евра, не е виновен

Recommended

Фудбалерот Ериксен е жив, тој е во стабилна состојба и е пренесен во болница

Фудбалерот Ериксен е жив, тој е во стабилна состојба и е пренесен во болница

4 years ago

Русија подготвена за нуклеарен одговор: Шојгу му се закани на Западот – Трамп ја менува играта во Украина

8 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.