Трауматични беа сцените на теренот во Копенхаген кога Ериксен колабираше на теренот а лекарите се обидуваа да го спасат. Последните информации се позитивни.
Спикерот на стадионот во Копенхаген потврди дека Ериксен е во стабилна состојба и е пренесен во болница.
Оваа вест ја потврди и УЕФА која информираше дека двата тима имаат кризен состанок и наскоро ќе има официјално соопштение дали натпреварот ќе продолжи. Се појави и фотографија која покажува дека Ериксен е свесен.






