Конечно, во него самата Тамара повторно ја признава грешката, откривајќи на каков начин решила да ја исправи… Еднаш – засекогаш! За како што вели, повеќе да не ја боли што ја „мразат“ без причина! Но, и како своевидна фигуративна „казна“ за стореното „злосторство без предумисла“ кое и го припишуваат. Со тетовирање на себе, токму на оние стихови од македонската химна, кои ги изостави и пропушти да ги испее во дадената прилика.







