Луѓето кои се опоравуваат од ефектите на коронавирусот можат да претрпат сериозно оштетување на функциите на мозокот, а во најлоши случаи може да се појави штета што е еднаква на нагло стареење на мозокот за десет години, предупредија во средата истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.
Студијата сè уште не поминала на рецензија, а била направена врз 84.285 опоравени од ковид 19, пренесува канадски Глобалњуз.
Истражувачкиот тим е предводен од Адам Хемпшир, кој рече дека во некои потешки случаи, ковид 19 предизвикува сериозни когнитивни дефицити во текот на неколку месеци.






