Вицепремиерот Изет Меџити во прес конференција за првите 100 дена од новата влада беше прашан и за напуштањето на Европскиот фронт од страна на првиот човек на ДПА, Мендух Тачи, каде според Меџити ова е само почеток на распаѓањето на овој фронт.
„Никогаш не биле обединети за идеолошки цели туку за интерес. Кога не се на власт, немаат причина да останат заедно. Нема да имаме дестабилизација на државата, туку поголема дестабилизација на Европскиот фронт, ова е само почеток“, изјави Меџити.
Меџити исто така се осврна и на други значителни остварувања на владата во првите 100 дена како преземање на владината одлука за доделување 35 милиони евра за кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, обезбедувањето 100 милиони евра за проекти за општините низ државата, одобрувањето на „едношалтерскиот систем“ на Блаце. , Граничните премини Ќафасан , Јажинце и Табановце и многу други проекти од областа на екологијата.






