Вицепремиерот на Владата Изет Меџити на прес-конференција за првите 100 од новата влада се фокусираше на борбата против коцкатањето како една од главните точки што ја ветија како предизборно ветување.
Според него, коцкањето во последните години стана рак на општеството каде илјадници наши сограѓани претрпеле финансиски, семејни, морални и економски штети.
„Илјадници наши луѓе заминаа и побегнаа во странство. Претходната власт го донесе коцкањето на секоја улица, секое маало, пред секое училиште и пред секое игралиште. На крајот, тие сакаа да го донесат на телефоните и компјутерите на нашите деца. Го прекинавме ова. Им ги укинавме незаконските лиценци на три интернет коцкарски компании. Ги отстранивме од веб-страниците кои легално или незаконски организираа коцкање. Исполнивме ветување кое никој не мислеше дека ќе го исполниме“, рече Меџити.
Меџити исто така се осврна и на други значителни остварувања на владата во првите 100 дена како преземање на владината одлука за доделување 35 милиони евра за кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, обезбедувањето 100 милиони евра за проекти за општините низ државата, одобрувањето на „едношалтерскиот систем“ на Блаце, Граничните премини Ќафасан , Јажинце и Табановце и многу други проекти од областа на екологијата.







