подароци, се! И тоа да се обелодени, дека на Онкологија се зема мито“, изјави М.М за „Слободен печат“.
Нејзината мајка починала од канцер на белите дробови, но според кажувања на ќерката, вечерта пред смртта во болницата немало дежурен доктор и немало кој да ѝ препише лек за намалување на болките на жената.
-Имаше мајка ми многу болки вечерта пред да почине. Отиде сестра ми на Онкологија и таму немаше дежурен доктор. Не можеа да ѝ препишат лек за болки. Немаше доктор, отидовме во аптека и ни рекоа нема шанса да ни го дадат тој лек без рецепт од доктор. Како може таму да нема дежурен доктор и мајка ми да умира во најтешки болки?, прашува ќерката на пациентката.
Таа додава дека пред канцеларијата на директорот имало редица пациенти кои чекале и молеле за неговиот потпис, бидејќи од него зависело дали ќе добијат биолошка терапија. Тоа го констатира и извештајот на државниот ревизор според кој немало критериум за делење на оваа терапија. Кога доктор Виолета Клисаровска стана директорка на Онкологија, првото нешто што го направи беше воведување на стручен конзилиум при што 12 специјалисти, раководители на одделенија заеднички реферираат и одлучуваат кој пациент ќе ја добие оваа скапа терапија.







